Младите македонски кошаркари на големиот национален празник Илиден го играат четвртфиналниот дуел против Португалија на Европското првенство – Б дивизија кое се одржува во Скопје. По максималните пет победи во групната фаза, сега предизвикот е да се избори пласман во полуфиналето.
Дуелот е закажан за 18.30 часот во салата на СРЦ „Кале“, а Португалците не се непобедлив ривал.
Македонија покажа дека е колектив кој не зависи само еден или од неколку поединци. Како одминуваа(т) натпреварите, тимот на селекторот Горан Андреевски има сѐ повеќе расположени кошаркари, Стојковиќ, но и Лукановски, Ќириловски, Марјановиќ.
Четвртфинални двојки
18.30: МАКЕДОНИЈА – Португалија (СРЦ „Кале“)
18.30: Црна Гора – Полска (СЦ „Борис Трајковски“)
21.00: Австрија – Чешка (СЦ „Борис Трајковски“)
21.00: Швајцарија – Бугарија (СРЦ „Кале“)