Турскиот натпреварувач во стрелаштво, Јусуф Дикеч, е вистинска сензација во светски рамки, пред се поради своето однесување, но и стајлингот за време на натпреварот во пукање со воздушен пиштол од 10 метри.
За 51-годишниот натпреварувач ова беше петта Олимпијада на која учествува, а сребрениот медал во Париз ќе му донесе богата награда. Турција своите медалисти ги наградува во златници и тоа по 1.000 републички златници за златен медал, по 600 за сребро и по 300 за бронза.
Тоа би значело дека Дикеч ќе добие 10.2 милиони турски лири или околу 291.000 евра. Сепак со популарноста која ја стекна во Париз, оваа награда веројатно нема да биде единствената добивка за Дикеч, бидејќи веќе се најавува дека тој ќе биде главен лик во рекламите на светски познати компании.