Одлично започна авгост за еден обложувач од Кратово кој вчера уплатил тикет во Sport Life. На мечевите кои се играа во квалификациите од Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА, со само 50 вложени денари, обложувачот успеа да заработи 448.948 нето добивка.
Фантастично одигран е тикетот на кој има само шест парови и на сите комбинациите се исти, а тоа е победа на фаворитот и да има барем четири погодоци на средбата.
ПОГОДОЦИ ВО 90+2 И 90+5 ДОНЕСОА ГОЛЕМА РАДОСТ
Освен знаењето, за да се погоди ваков тикет секогаш е потребно и среќа, па така Војводина загуби од Ајакс со 1:3, а гостите од Амстердам погодуваа во 85 и 90+2 минута. Драматично беше и во Романија каде Универзитатеа Крајова со 3:2 го победи Марибор. Тука требаше да биде триумф на домаќините со 4+, а голот за триумф домаќините го дадоа во 90+5 минута.
Панатинаикос во гости со 4:0 го победи Ботев Пливдив, а сите дилеми беа решени уште по само 50 минути игра. Сласк Вроцлав со 3:1 ја победи Рига и тука сите погодоци беа постигнати пред да истече 60 минута. Сент Мирен со 4:1 го победи Валур од Исланд. Ордабаси со 3:2 го победи Диферданж по 90 минути игра и тоа беше доволно за тикетот уплатен во Кратово да донесе одлична добивка од преку 7.200 евра.