Само што почнаа атлетските возбудувања, срушен првиот светски рекорд

Атлетиката која е позната како Кралицата на спортовите ќе блеска во следните неколку дена на Олимписките игри во Париз. Дека може да се очекуваат многу возбудувања и одлични резултати се покажа уште на самиот старт.

Во квалификациите од штафетата на 4 пати по 400 метри мешано, тркачите од САД беа фантастични и на крајот не само што стигнаа први, туку тоа го направија со нов светски рекорд. Со време од три минути, седум секунди и 41 стотинка заврши американската штафета и тоа време беше доволно да се сруши досегашниот рекорд од 3:08.80 минути кој беше поставен минатата година на Светското првенство во Букурешт.

Финалето во оваа дисциплина ќе биде утре, што значи дека може да очекуваме уште една фантастична трка на првите фаворити, Американците.

 

- Оглас -

Најнови вести