Германскиот репрезентативец за 31 милиони евра се сели во Премиерлигата

Никлас Фулкруг имаше одлична сезона во дресот на Борусија Дортмунд со која играше и во финалето од Лиата на шампиони, но загуби од Реал Мадрид. Освен на клупски план, Фулкруг настапи и за германската репрезентација на Европското првенство и постигна два гола, со што само го потврди својот квалитет.

Токму затоа овој напаѓач се најде на мета на повеќе европски екипи, а во новата сезона Фулкруг ќе го гледаме во англиската Премиер лига. Најавите се дека веќе е договорен трансферот вреден 27 милиони евра, плус четири милиони евра на име на бонуси, а Германецот ќе го носи дресот на Вест хем.

Годишната плата на Фулкруг ќе биде три милиони евра и тој се очекува да биде прва опција во нападот. Чеканите беа најконкретни и најбрзи, иако за Фулкруг се интересираа и екипите на Штутгарт, Милан и Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести