Американскиот дрим тим не е сместен во олимпиското село, целиот луксуз за нив чини 14 милиони евра

Американскиот дрим тим на Олимписките игри во Париз не е сместен во олимпиското село, како 14.000 други спортисти. За големите кошаркарски ѕвезди е изнајмен неименуван хотел со 800 соби, каде освен нив, се сместени и нивните семејства, обезбедувањето, како и претставниците на сите НБА екипи.

Комплетниот трошок за учеството на кошаркарската репрезентација на САД на Олимпијадата изнесува 14 милиони евра, а колку за споредба, трошокот за 20 веслачи од САД кои учествуваат на ЛОИ изнесува помеѓу 200 и 300.000 евра.

САД од 1992-рата година на Олимпијадите учествуваат со играчи од НБА лигата и тој состав е наречен дрим тим, и никогаш до сега не биле сместени во олимпиското село.

- Оглас -

Најнови вести