Иако ФИФА се уште официјално ја нема доделено организацијата на Светското првенство во 2034-тата година, веќе е извесно дека тоа ќе се одржува во Саудиска Арабија. Тоа би бил втор Мундијал кој ќе се одржува на Блискиот Исток, после оној во Катар и втор кој ќе се одржува во зима.
Саудиска Арабија веќе започна да ги презентира стадионите на кои ќе се игра Светското првенство, кои ќе бидат 15 на број и во пет града. По шест стадиони ќе бидат во Ријад и Џеда, а најголем помеѓу нив ќе биде оној кој допрва треба да се гради, а ќе го носи името на кралот Салман и ќе биде со капацитет од 92.760. Најчуден помеѓу 15-те стадиони треба да биде оној кој ќе се нарекува „Неом“, а треба да биде изграден на висина од 350 метри и ќе претставува вистинска светска фудбалска знаменитост, бидејќи единствен таков во светот.