Бенфика наскоро ќе го направи еден од најголемите трансфери во историјата на клубот, откако веќе е јасно дека ПСЖ ќе го купи еден од најголемите светски таленти, Жоао Невеш, за 70 милиони евра. Фудбалерот според Трансфермаркет вреди 55 милиони евра, но „светците“ ќе платат 60 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра во бонуси.
19-годишниот Невеш за сениорската екипа на Бенфика одигра 75 сениорски натпревари, а легендарниот португалец, Руи Коста, кој сега е претседател на клубот вели дека е огорчен, но ова е сума која не може да се одбие.
„Можам да ги сфатам критиките од навивачите, и јас сум огорчен ако Жоао Невеш го напушти клубот. Се уште се договараме. Мојата работа е да ја составам екипата и Бенфика да освојува трофеи. Уште повеќе ми е жал бидејќи Жоао е квалитетен фудбалер кој го познавам уште кога имаше 10 години. Тешко ми е поради ова. Луѓето мора да сфатат дека оваа работа ја одложувавме колку што можевме. Ја одбивме првата понуда, но стигнавме до моментот кога трансферот е неизбежен. Не можеме да се откажеме од 70 милиони евра.“ – рече Руи Коста.