Олимписките игри во Париз ќе се памтат и по една новост. За прв пат во атлетиката е воведен репасаж, кој е карактеристичен во боречките спортови.
Меѓународната атлетска федерација реши на Игрите во Париз да воведе репасаж за досциплините на 100 и 110 метри со пречки, на 200 метри, 400 метри, потоа 400 метри со препреки, 800 метри и на 1.500 метри.
Една од побендиците на репасаж трките беше и Французинката Анаи Бургоњ на 800 метри која обезбеди место во полуфиналето.
„Синоќа не можев да спијам. Се обидував да мислам на нешто друго. Кога сте во кревет и размислувате за тој адреналин кој се случува на стадионот, едноставно не може да спиете“, рече Бургоњ.
Инаку, репасажот дава шанса на сите оние учесници кои не успеале да поминат во првиот круг во споменатите дисциплини.