Француската џудо репрезентацијата ќе се бори во финалето за златниот медал во конкуренција на мешани екипи. Во четвртфиналето, Франција со 4:1 славеше над Јужна Кореја, а посебно впечатлив беше дуелот меѓу Теди Ринер и Ли Јунхванг.
Оваа борба е најнерамноправна на овие ЛОИ. Јунхванг кој има 83 килограми се обиде да го изненади легендарниот Ринер кој има 145 килограми. Дури 62 килограми беше разликата во тежина и јасно беше кој ќе победи.
Збунувачки беше одлуката на Јужна Кореја да го пријават Јунхванг за дуел против Ринер, а многумина веруваат дека тоа им било еден вид тактика затоа што нивниот најдобар „тешкаш“ беше повреден, па тие ќе се обидат со некој кој е многу побрз од Ринер да го изненади, но на крајот Французинот победи на атрактивен начин со ипон.