Порторико ја доби првата четвртина и само ги изнервира Американците

Кошаркарската репрезентација на САД ја загуби првата четвртина (25-29) од денешната пресметка со Порторико, но потоа ѕвездите од НБА лигата уфрлија во друга брзина и до полувремето обезбедија голема предност (64-45).

Потоа сѐ беше според очекувањата, па селекцијата на Стив Кер стигна до планираниот триумф (104-83).

Ентони Едвардс постигна 26 поени за 17 минути на теренот, а Порториканецот Хозе Алварадо, кој исто така е НБА играч на Њу Орлеанс, беше најефикасен во својот тим со 18 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести