Одбојкарската репрезентација на Македонија ја совлада Швајцарија со 3:0 (26:24, 25:21, 25:20) во вториот пријателски натпревар одигран на гостински терен како дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2026.
За разлика од вчера кога противникот ги добиваше сетовите на разлика, нашите одбојкари одиграа поквалитетно и имаа контрола на резултатот.
Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 20 поени, Филип Савовски освои 11, а Александар Љафтов имаше девет успешни обиди.
Со оглед на карактерот на мечот, имаше и уште еден неофицијален, четврти сет, а во него Швајцарците беа подобри со 19:17.
Македонската репрезентација утре ќе се врати во Струмица по што ќе игра на турнирот „Чајка“ со Израел и со Косово, пред почетокот на квалификациите.