Тијаго Мота стави седуммина на трансфер-листата на Јувентус, меѓу нив и врвни имиња

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, ги одреди фудбалерите кои не се во неговите планови. Специјалистот беше ангажиран летово од Болоња и изгледа дека ќе прави сериозни реформи во својот тим.

Веќе е јасно дека „бјанконерите“ ќе се обидат да го продадат Федерико Киеза. Неговиот договор истекува следното лето. Киеза ја пропушти последната контрола на својот тим, што е јасен знак дека не се смета на него.

Тијаго Мота нема да смета и на Тијаго Џало, кој беше донесен зимоска од Лил. Португалскиот централен бек може да биде даден на позајмица.

Американскиот репрезентативец Вестон Мекени исто така ќе треба да си бара нов клуб. Врзниот играч има договор за уште една сезона. Торинскиот гигант би го продал за 10 милиони евра.

Останатите имиња на црната листа на Мота се Војчех Шчесни, Матија де Шиљо, Артур, Филип Костиќ, Даниеле Ругани и Ханс-Николуси Кавиља.

- Оглас -

Најнови вести