Атлетскиот репрезентативецот на Австралија со македонски корени, Кристофер Митревски, денес го имаше својот настап во дисциплината скок во далечина на Летните олимписки игри во Париз.
Крис Митревски успеа да прескокне само 7.79 метри, што не беше доволно за влез во финалето во оваа атрактивна дисциплина. Тоа значеше и пласман на 18-тото место помеѓу 32-цата скокачи во далечина. За влез во финалето, односно за пласман барем на 12-тото потребни беа 7.90 метри, па на Митревски му недостигаа само 11 сантиметри.
Во квалификациите победи гркот, Митиадис Тентоглу, со резултат од 8.32 метри, а она што е интересно токму 8.32 е најдобриот резултат на Митревски и од него се очекуваше борба за медал на Олимпијадата со Париз.