Американскиот пливач Боби Финке е нов олимписки шампион на 1.500 метри со нов светски рекорд од 14:30.67. Тој го собори рекордот на кинезот Сун Јанг од Олимпијадата во 2012-тата година во Лондон, кога исплива 14:31.02. Финке сега е првиот пливач кој ја проби границата од 14 минути и 31 секунда.
На завршниот ден од пливачките дисциплини во Париз се одржа и финалето на 50 метри слободен стил во женска конкуренција. Најбрза беше швеѓанката Сара Шестрем со време од 23.71, што беше за дури 26 стотинки побрзо од Мег Харис од Австралија.
До крајот на последниот ден од пливачките дисциплини остануваат уште финалните натпревари од штафетите 4х100 метри мешано во машка и женска конкуренција.