Женската мешана штафета на САД со нов светски рекорд дојде до златниот медал на последната пливачка дисциплина на Летните олимписки игри во Париз. Американките штафетата 4х100 метри ја испливаа за 3:49.63, што беше подобро за три секунди и 48 стотинки од сребрената Австралија. Бронзениот медал го освои Кина.
Токму машката штафета на Кина беше најдобра на 4х100 мешано, освојувајќи го златниот медал пред САД и Франција.
Пливачките натпревари на Олимпијадата во Париз завршија со четири светски рекорди.