Новак Ѓоковиќ конечно успеа да ја комплетира збирката на трофеи со златниот медал од Олимписките игри, единствениот трофеј кој му недостасуваше во кариерата. Србинот во финалето го победи Карлос Алкарас со 2-0 по сетови, но на официјалната прес-конференција најави дека нема тука да застане и сака да учествува и на следната Олимпијада.
„Јас се уште сакам да играм во Лос Анџелес, тоа е вистината. Уживам да играм за Србија, да бидам дел од олимпискиот тим. Секако дека некој се сомнева, знам дека имам 37 години и никој не може да каже до кога ќе играм активно тенис, но вербата секогаш ги победува сомнежите. Бев на теренот, славев златен медал, со српско знаме, српска химна, не постои поубаво чувство од тоа.“ – рече Ѓоковиќ после освојувањето на златниот медал во Париз.
Следната Олимпијада ќе се оджи во Лос Анџелес, САД, во 2028-мата година, кога Ѓоковиќ би имал 41 година.