Ноа Лајлс од САД е олимписки шампион на најатрактивната атлетска трка, 100 метри. Актуелниот светски шампион ја обедини титулата со освојување и на олимписката со резултат од 9.79, а со исто време заврши и сребрениот Кишејн Томсон од Јамајка. Сепак, американецот беше побрза за само пет илјадити делови од секундата или за половина десеттинка.
Третопласиран заврши Фред Керли од САД со време од 9.81, четврти беше Симбине од Јужна Африка со 9.82, а последниот Севил од Јамајка имаше време 9.91, што значи дека сите осум финалисти завршија со време под 10 секунди.
За САД ова беше прво олимписко злато од трката на 100 метри после 20 години, откако Џастин Гетлин победи на Олимпијадата во Атина во 2004-тата година. Следуваше доминација на Јусеин Болт, кој го освојуваше златниот медал на следните три Олимписки игри на 100 метри.