Репрезентацијата на Хрватска испадна од ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз, откако во драматичен меч загуби од Шпанија со 31-30. Место во четвртфиналната фаза имаше само за победникот од овој меч, со оглед на тоа дека двете репрезентации има ист број на бодови во пресрет на меѓусебниот натпревар.
Шпанија на полувремето имаше убедлива предност од 20-15, но во второто полувреме Хрватска заигра далеку подобро и се врати резултатски во натпреварот. Сепак, се што успеаја да направат е да го изрмнат резутатот на неколку секунди пред крајот на мечот, 31-31, но не и да победат. До крајот Шпанија постигна уште еден погодок за победа.
Од оваа група пласман во четвртфиналето обезбедија и Германија, Словенија и Шведска, додека покрај Хрватска, дома се враќа и Јапонија. Во групата „Б“ во следната фаза продолжуваат Данска, Египет, Норвешка и Франција, додека испаднаа Унгарија и Аргентина.