Италијанскиот репрезентативец Џанлука Скамака заработи сериозна повреда, поради која речиси сигурно го пропушти најголемиот дел од сезоната во Серија А и нема да игра во следните осум месеци, пренесуваат медиумите во Италија.
Напаѓачот на Аталанта има истовремено кинење на два вида лигаменти, плус менискус, и во текот на денешниот ден ќе биде опериран.
Скамака се повреди сам за време на вчерашниот пријателски натпревар против Парма (1-4) при обид да ја контролира топката.
Тој беше дел од составот на Италија на минатото Европско првенство и еден од адутите на Аталанта, но сега го очекува долга пауза.