Многу добитни тикети имаше во празничкиот викенд што дополнително им го направи големиот празник Илинден уште поубав. Од оние тикети кои беа мајсторски одиграни издвојннуваме два.
Во Гевгелија со само 20 вложени денари, направен е добитен тикет со вкупен коефициент од 5.600, кој донесе нето добивка од 95.202 денари. Одиграни се вкупно 15 натпревари, од кои дури 13 се на конечен тип и сите се погодени. Точно се одиграни и двата дуели на кои е одиграно со двојна шанса и на голови.
Второто ливче е уплатено во Скопје Север и со само 80 вложени денари, нето добивката е 117.485 денари. Овој тикет е одигран на игрите со голови. Првите пет одиграни дуели се на популарната игра да има 1-2 погодоци во првото и 1-2 погодоци во второто полувреме, квоти кои се движат меѓу 2.60 и 2.70.
Останатите три патови се да има 2+ погодоци во првото полувреме и на оваа игра квотите се примамливи, па затоа на крајот вкупниот погоден коефициент е 1.727 и донесе супер добивка од речиси 2.000 евра.
И тикетот кој беше уплатен во Куманово е со стратегија да се игра на голови. На дури 10 мечеви погодено си сите и тоа на игрите 3+, 4+ и 5+, па со уплатени 150 денари, добивката е одлична и изнесува 89.259 денари.