Шпанија ќе има нова можност за трофеј оваа година: Мароко совладан со пресврт за финале на ЛОИ (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако со пресврт го совладаа Мароко во полуфиналето со 2-1. Така шпанците сега ќе имаат можност да се борат за нов трофеј оваа година, откако претходно станаа и сениорски и младински шампиони на Европа.

Мароко имаше предност од 1-0 на полувремето, откако Суфијан Рахми во 37-мата минута беше прецизен реализатор на ударот од белата точка. Сепак, Шпанија не се откажуваше и притискаше кон мароканскиот гол, а резултатот на таа иницијатива дојде во 66-тата минута, кога Фермин Лопес израмни на 1-1. Човек на одлука беше Хуанлу Санчес во 85-тата минута, кога прецизно биеше и ја донесе победата за Шпанија.

Противник на „црвената фурија“ во големото финале на Олимпијадата ќе ѝ биде победникот од второто полуфинале помеѓу Франција и Египет.

- Оглас -

Најнови вести