Можно е финале Вардар – Пелистер: Познати се групите за турнирот во Струга (Фото)

Веќе традиционално главната најава за почетокот на новата ракометна сезона во Македонија е меѓународниот турнир во Струга. Последните четири години, најтрофејните македонски екипи наизменично се радуваат крај Охридското езеро, а оваа година повторно ќе има можност Вардар и Еурофарм Пелистер да се најдат во финалето во борба за трофејот.

Организаторот на турнирот во Струга ги одреди групите, па така во групата „А“ се Вардар, Ескилстуна Гуиф и Тиквеш, додека во групата „Б“ ќе играат домашната Струга, Еурофарм Пелистер и ПАОК.

52-риот меѓународен турнир во Струга ќе се игра во периодот од 14-ти до 17-ти август, а трофејот го брани Вардар, кој во финалето минатата година го совлада Алкалоид. Токму скопски Вардар е и најтрофејната екипа на струшкиот турнир со 14 трофеи, додека Пелистер има освоено 12.

- Оглас -

Најнови вести