Арманд Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап, откако од трет обид успеа да прескокне 6.25, што е за еден сантиметар подобро од претходниот рекорд. Одличниот шведски атлетичар најпрво со нов олимписки рекорд од 6.10 го одбезбеди олимпиското злато, а потоа кога завршија сите останати атлетски дисциплини, остана сам на стадионот и за гледачите на преполните трибини се обиде да го собори светскиот рекорд, во што на крајот и успеа за идеална завршница на атлетскиот ден.
Сребрениот медал му припадна на Сем Кендрикс од САД со резултат 5.95, додека бронзата заврши на градите на грчкиот атлетичар, Емануил Каралис со резултат 5.90.