Борбата за пласман во Лигата на шампиони е во фокусот

6873 Динамо Киев – Ренџерс (20 ч.)

Динамо Киев ја покажа силата во двомечот против Партизан кога постигна девет голови. За разлика од нив, Ренџерс не е баш во некоја форма и во првото коло од домашното првенство ремизираше без голови, а во претходните шест меча што ги одигра имаше само две реми и дури четири порази.

Украинскиот тим е домаќин на неутрален терен, но тоа не треба да им преставува голем проблем и реално ја има улогата на фаворит вечерва.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.06)

 

6872 Спарта Прага – ФЦСБ (20 ч.)

Пет победи во петте меча од новата сезона нареди Спарта, потврдувајќи дека е во одлична форма. Романскиот ФЦСБ се провлече во третото претколо од ЛШ и реално има послаб тим од Чесите.

На последните девет дуели, Спарта секогап постигнува барем по два погодоци, па и сега може да се очекува да биде ефикасно.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

6870 Малме – ПАОК (19 ч.)

Во полн ек е првенството во Шведска и тоа треба да е предност за Малме. Отворен фудбал без многу калкулации игра Малме, но на спротивната страна е ПАОК кој игра цврсто во одбраната.

Овие два тима никогаш претходно не се сретнале, а секако дека ќе бидат претпазливи затоа што има и реванш.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.98)

 

6877 Салцбург – Твенте (20:45 ч.)

Дуел на два ривали кои доаѓаат од земји каде се негува отворен и офанзивен фудбал без многу калкулации. Токму затоа ова може да биде атрактивна пресметка.

Салцбург постигна дури 13 голови на последните три дуели, а Твенте на девет од последните 10 натпревари одигра во комбинација гол-гол 3+, па сите овие факти се најава дека ќе се тресат мрежите на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.02)

 

6875 Лил – Фенербахче (20:30 ч.)

Вистински предизвик ќе биде ова за Жозе Мурињо и Фенербахче. Кога беше ждрепката, Мурињо самоуверено најави дека Лил немал среќа што за противник го добил турскиот тим, но факт е дека Французите имаат квалитет.

Фенербахче на двомечот против Лугано покажа дека има ранлива одбрана па прими дури четири гола, но турскиот тим сепак победи на двете пресметки.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

- Оглас -

Најнови вести