Шведска нема да му даде ниту едно евро на Дуплантис за златниот медал и светскиот рекорд

Еден од најдобрите атлетичари на денешницата, Арманд Дуплантис уште еднаш блесна во сиот свој сјај и тоа кога беше најпотребно, во финалето на ЛОИ во Париз. Дуплантис ја потврди доминацијата во скок со стап, го освои олимпиското злато и тоа во голем стил, поставувајќи нов светски рекорд.

Швеѓанецот најпрво прескокна 6.10 метри што преставуваше нов олимписки рекорд и тоа беше доволно за златен медал. Потоа летвичката беше подигната на 6.25 и Дуплантис успеа да ја прескокне што беше нов светски рекорд.

За својот успех и фактот дека на Игрите во Париз се слуша шведската химна во негова чест, атлетичарот нема да добие ништо од својата земја. Шведска, заедно со Норвешка и Велика Британија се едно од малкуте земји кои сметаат дека медал, па дури и да е златен, не треба да се наградува парично.

Сепак, Дуплантис нема да остане без пари за овој подвиг. Светската атлетска федерација најави дека за секој златен медал на ЛОИ ќе доделува 50.000 долари, а дополнителни 50 следуваат за секој срушен рекорд. Тоа значи дека Швеѓанецот кој од својата земја нема да добие ниту еден денар за успехот, сепак заработи 100.000 долари со само еден скок, вреден светски рекорд.

- Оглас -

Најнови вести