На повидок скандал: Заврши втора, беше дисквалификувана, но прашање е дали тоа е правилна одлука (Видео)

Атлетичарката Фејт Кипјегон од Кенија го освои второто место на трката на 5.000 метри, но по завршувањето, судиите решија да ја дисквалификуваат и да не го добие сребрениот медал кој го освои.

Одлуката за дисквалификација е поради „попречување на друга атлетичарка“, а тоа е Гудаф Чегај од Етиопија.

„Чегај не успеа да ја помине Кипјегон, туку само се потпра на нејзе, а потоа беше оттурната. Тоа беше страшно“, беше коментарот на новинарот од Еуроспорт.

Сепак прашање е дали Кенијката направи нешто нелегално за да биде дисквалификувања и да остане без сребрениот медал, кој сега оди во посед на Сифан Хасан од Холандија, додека третото место сега припаѓа на Надија Батклети од Италија.

Чегај која го направи целиот инцидент воопшто не освои медал и на крајот заврши на петото место. Погледнете го целиот инцидет и дали тука има престрога дисквалификација на атлетичарка која стигна втора на целта.

- Оглас -

Најнови вести