Гордо го развеа знамето да прослави олимписки медал, но потоа се случи шок (Видео)

Олимписките игри се нешто што засекогаш останува во спомен кај секој спортист. Моменти на радост, среќа, но и на разочарување и лекции дека спортот некогаш може да биде многу суров.

Романската гимнастичарка Ана Барбосу имаше одличен настап во финалето на партер на Игрите во Париз, но на крајот сепак остана без медал и тоа на неверојатен начин. По завршување на изведбата, 18-годишната Барбосу доби 13.700 поени, што беше доволно да го освои третото место и да се радува на бронзен медал.

Тинејџерката веднаш гордо го развеа романското знаме во знак на радост, но само неколку секунди одоцна следуваше шок. Американскиот тим се жалеше на оценката на еден од членовите во жирито за изведбата на Џордан Чилс, па судиите ја уважија оваа жалба и ја корегираа крајната оценка.

Со корекцијата на крајната оценка, Романката Барбосу падна на четвртото место и остана без бронзениот медал, кој на крајот бронзениот медал припадна на Џордан Чилс од САД.

https://twitter.com/i/status/1820534033178341402

- Оглас -

Најнови вести