По многу проблеми и одложувања, конечно беа доделени олимписките медали и во сурфање. Ова натпреварување е едно од најатрактивните на ЛОИ, но публиката во Франција немаше во можност во живо да ги гледа најдобрите спортисти, затоа што натпреварите се одржаа многу далеку.
Егзотичниот Тахити кој е на Пацификот и е одалечен од Париз дури 15.700 километри, беше домаќин на оваа олимписка дисциплина. Иако беше многу далеку од Франција, на крајот златото го освои францускиот натпреварувач Каули Васт.
Во финалето, Васт го победи Џек Робинсон од Австралија, додека бронзениот медал замина за Габриел медина од Бразил. Во женска конкуренција олимписка шампионка е Каролин Маркс од САД, втора е Татитана Вестон-Веб од Бразил, а бронзата е за Јохане Дефеј од Франција.
View this post on Instagram