Еден од најатрактивните тимски спортови на Олимписките игри секогаш е кошаркарскиот турнир. Репрезентациите со најсилните состави се во борба за медалите, а секако овојпат Американците се број 1 и ќе биде вистинско чудо ако тие не бидат закитени со златни медали.
Прва препрека на САД во нокаут фазата, односно во четвртфиналето е Бразил. Проценката е дека Американците лесно ќе слават, а границата за хендикеп е поставена дури на 26,5 поени.
Со силен состав е и Канада која е фаворит против Франција. Иако Галските петли играат дома, Канада треба да помине во полуфиналето. Србија предводена од Никола Јокиќ ќе има тешка задача против Австралија, а интересно ќе биде и во мечот со кој започнуваат денешните возбудувања, а тоа е Германија – Грција од 11 часот.