Алжирската боксерка Имане Келиф се најде во фокусот на вниманието на ЛОИ во Париз откако започнаа шпекулациите дека таа е родена како маж. Келиф е суспендирана за настап од страна на светската боксерска федерација, но доби дозвола за настап на ЛОИ во Париз и со пласманот во полуфиналето веќе има обезбедено медал.
И додека дел од противничките се жалат на силината на ударите на Келиф, руската боксерка Азалија Аминева ја повика Алжирката на нова борба. Тие веќе боксувале еднаш и Русинката убедливо победила.
„Здраво Имане. Зар не гледаш дека крена многу прашина? Ја памтиш ли нашата борба на првенството во Индија минатата година кога те нокаутирав? Подготвена сум за нов меч и повторно да те нокаутирам и да ти вратам за сите девојки кои ги победи“, рече 22-годишната руска боксерка преку видео порака.
https://twitter.com/i/status/1820440421136269780
Аминева е една од најдобрите руски боксерки. Дебитираше пред шест години и досега има 21 борба и исто толку победи. Таа не е дел од ЛОИ во Париз поради забраната за руските спортисти поради инвазијата врз Украина.