Бразилската пингпонгарка, Бруна Коста Александре, се запиша со спортската историја како седми спортист кој настапува и на Олимпијада и на Параолимпијада во иста година. Таа иако нема рака, без која останала кога имала само три месеци, беше дел од селекцијата на Бразил во тимските натпревари, односно на мечот против Јужна Кореја кој го загубија со 1-3.
„Ова не е резултат на кој се надевав, но многу сум задоволна од постигнатото. Не се откажавле до крајот. Кореја е една од најдобрите екипи. Успеавме да освоиме неколку бодови, што ме радува, многу сум горда на мојата екипа. Сакам да им докажам на луѓето дека со голема желба може да се постигне се, без разлика дали немате рака или нога.“ – Бруна Коста.
Таа на Параолимписките игри има еден сребрен и три бронзени медали. Во историјата на олимпизмот, ваквиот подвиг им успеал само на шестмина спортисти: Натали де Тот од Јужна Африка (пливање – 2008), Наталија Партике од Полска (пинг понг – 2008, 2012, 2016 и 2020), Оскар Писториус од Јужна Африка (атлетика – 2012), Захра Немати од Иран (стреличарство – 2016) и Мелиса Тапер од Австралија (пинг понг – 2016 и 2020).