Фантастичниот шведски атлетичар, Арманд Дуплантис, синоќа по деветтипат го сруши светскиот рекорд во скок со стап и сосема заслужено влезе во атлетската историја како најдоминантниот атлетичар во оваа дисциплина, но и само втор кој успева двапати да го освои златото во оваа тешка дисциплина. Единствениот на кој тоа му успеало е американецот, Боб Ричардс, кој победуваше во 1952 и 1956 година, додека кај девојките тоа е Јелена Исинбаева во 2004 и 2008. Дури ниту легендарниот Сергеј Бубка нема две олимписки злата во скок со стап. Украинецот победи само во 1988-мата година.
„Мондо шоуто“ во Париз останаа да го гледаат 70.000 гледачи, иако сите други атлетски дисциплини беа завршени, а Дуплантис веќе го имаше обезбедено златниот медал.
„Се уште не можам да сфатам колку тој момент беше фантастичен. Тоа е еден од оние моменти кои се чинат дека неостварливи, како да излегуваш од своето тело. Го соборив светскиот рекорд на Олимписките игри, на најголемото натпреварување во скок со стап. Мојот сон од детството беше да го оборам светскиот рекорд на ОИ и успеав во тоа и тоа пред најлудата публика во светот. Публиката полуде. Беше многу бучно, беше како на натпревар на американски фудбал. Немам многу искуство од стадиони со 100.000 луѓе, никогаш не бев во центарот на вниманието.“ – рече Дуплантис.