Шпановиќ разочара: Светската шампионка во скок во далечина не успеа да ги мине квалификациите

Актуелната светска шампионка во скок во далечина, Ивана Шпановиќ, ги разочара фановите откако не успеа да ги мине квалификациите на Летните олимписки игри. Србинката прескокна само 6.51, а квалификационата норма беше 6.75, иако има личен рекорд од прескокнати 7.14 метри.

https://twitter.com/OKSrbije/status/1820772438726062309?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1820772438726062309%7Ctwgr%5E035c97f00f3bd9f4880a71f8148b50267b75ea61%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fatletika%2Fspanovic-razocarala-u-parizu-srbija-je-ostala-bez-jos-jedne-ocekivane-medalje-na-oi%2F240806072

Шпановиќ беше главен кандидат за олимпиското злато, со оглед на тоа дека ја освои и Дијамантската лига минатата сезона. Најдобра во квалификациите беше италијанката, Лариса Јапичино, со прескокнати 6.87.

- Оглас -

Најнови вести