Баерн е еден чекор пред сите: Веќе се договараат две големи засилувања за следното лето

Иако тековнава сезона се уште не е започната, Баерн Минхен веќе размислува за наредното лето. Двајца фудбалери веќе се планирани дека ќе бидат дел од „баварците“ од следното лето, а обид за нивни ангажман имаше и летово, но без успех.

Станува збор за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен и Чави Симонс од ПСЖ. Фудбалерот на германскиот шампион одлучи да остане уште една сезона во Леверкузен, па дури следното лето да размислува за заминување, а нова дестинација би била токму Баерн Минхен.

„Баварците“ летово се обидоа да го ангажираат и Чави Симонс, но „светците“ не беа расположени да се откажат од услугите на одличниот млад фудбалер. Прогнозата и за него е дека следното лето ќе си замине и ќе го засили Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести