Барселона се врати од два негатива, па загуби на пенали од Милан, Реал го победи Челзи (Видео)

Фудбалерите на Милан излегоа како победници, но само после изведувањето на пенали, против Барселона, иако имаа водство од 2-0 после само 15 минути игра. Јовиќ и Пулишиќ со голови во 10-тата и 15-тата минута најавија дебакл на Барселона, но играта на „каталонците“ се стабилизираше и со двата гола на Роберт Левандовски во 22-рата и 58-мата минута, Барселона се избори за реми против Милан.

На крајот, членот на Серија А победи со 4-3 на пенали на пријателскиот меч кој беше дел од американската турнеја.

Во САД пријателски меч одиграа и екипите на Реал Мадрид и Челзи. „Кралскиот“ клуб беше поуспешен и победи со 2-1 со головите на Лукас и Диас во 19-тата и 27-мата минута, додека почесниот погодок за Челзи беше дело на Мадуеке во 39-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести