Бизарна ситуација: Поради 100 грама остана без финале и сигурен медал!

Винес Фогат натпреварувачка во борење, на неверојатен начин остана без медал на Олимписките игри во Париз. Индиската натпреварувачка се пласираше во финалето во категоријата до 53 килограми, но сепак нема да се бори за златото, затоа што  дисквалификувана.

Причина за дисквалификацијата е тоа што на последното мерење на тежината, Фогат имала 100 грама повеќе од дозволеното. Поради тоа, Фогат е елиминирана, а во финалето место нејзе ќе се бори Хусенелес Лопес од Куба.

Последните информации велат дека Индијката цела ноќ не спиела и се обидувала да намали дел од тежината. малку фалела да дојде и до дехидрација, а на крајот Фогат завршила и во болница.

- Оглас -

Најнови вести