Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е нов член на полскиот шампион Јагиелонија. Тој потпиша едногодишен договор и доаѓа како позајмен фудбалер од англискиот клуб Барнли.
Чурлинов минатата сезона беше дел од Шалке 04, но германскиот тим не го откупи неговиот договор од Барнли. Претходно Чурлинов беше член и на Штутгарт и на Келн во Германија.
💥 Nowy skrzydłowy w zespole 💥
— Jagiellonia Białystok (@Jagiellonia1920) August 7, 2024
Jagiellonia ma nowego piłkarza 🆕. Szeregi Żółto-Czerwonych zasilił Darko Churlinov 🇲🇰, który dołączył do klubu w ramach wypożyczenia do końca sezonu z angielskiego @BurnleyOfficial. Będzie występował z numerem 2⃣1⃣.
🟡🔴 Darko, witamy w… pic.twitter.com/z6ptcrIdiG
За фудбалската репрезентација на Македонија крилниот напаѓач има 25 настапи и четири постигнати гола.