Лука Модриќ неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година, а уште во подготвитениот период покажа дека Кралевите направиле вистински потег што го задржаа. Хрватот кој за еден месец ќе наполни 39 години, одигра фантастичен меч против Челзи на кој Реал победи со 2:1.
Легендарниот Модриќ одигра 82 минути, а потоа беше повлечен од игра. Кога го напушташе теренот, Модриќ доби овации од навивачите на трибините.
https://twitter.com/i/status/1821005756159685081
Сосема заслужение беа аплаузите за Модриќ кој одигра на високо ниво. Модриќ имаше 58 успешни додавања од 63 обиди (92 отсто прецизност), успешно додаде осум од девет долги топки, а имаше и две клучни додавања. Во дефанзивната задача освои четири од петте дуели во кои беше, а шест пати ја освои топката. За целото време поминато на теренот, Модриќ не направи ниту еден фаул.
Оваа статистика на Модриќ е неверојатна посебно ако се знае дека Челзи во средниот ред има фудбалери кои заедно се платени 300 милиони евра, а тоа се Енцо Фернандес, Ромеро Лавија и Моисес Каиседо.
🇭🇷©️ Luka Modrić in the 2-1 victory of Real Madrid against Chelsea:
◎ 58/63 succesfull passes.
◎ 8/9 successfull long passes.
◎ 4/5 duels won.
◎ 6 recoveries.
◎ NO fouls committed. pic.twitter.com/CSr1Kb6aoi— dataref (@dataref_) August 7, 2024