Од сјај до очај: Аленка го сруши олимпискиот рекорд на татко му и чекаше злато, но потоа се случи шок

Големо изненадување се случи во финалето на фрлање диск, а на крајот херој е Рохе Стона од Јамајка, кој е нов олимписки првак. Малку кој очекуваше дека златото ќе биде за овој натпреварувач, посебно ако се знае дека во оваа конкуренција прв фаворит беше Миколас Аленка од Литванија.

Миколас е син на легендарниот Мартинас Аленка кој пред точно 20 години на ЛОИ во Атина го освои златниот медал со поставување олимписки рекорд. Тој рекорд на Аленка постариот беше актуелен до втората серија, кога неговиот син Миколас го фрли дискот до 69,97 метри.

Се чинеше дека овој олимписки рекорд ќе биде доволен за Аленка да стигне до златото, но така не мислење Стона. Јамајканецот во четвртата серија ги изненади сите кога успеа да го фрли дискот на точно 70 метри и изби на првото место.

Во последните две фрлања имаше голема борба за златото, но фаворизираниот Аленка како да беше шокиран од фрлањето на Стона и не успеа да ја надмине границата од 70 метри, па мораше да се задоволи со среброто. Бронзениот медал му припадна на Дени Мејту од Австралија кој имаше фрлање од 69,31 метри.

 

 

- Оглас -

Најнови вести