Драма, па пак драма, на крајот Унгарија и САД беа подобри пеналџии и се пласираа во полуфиналето

Драматични беа сите четири меча од денешната ватерполо програма. Прво Хрватска со 10:8 ја победија Шпанија, потоа Србите со гол на две секунди до крајот ја победи Грција, а вечерва САД и Унгарија дури по подобро изведување на пенали ги елиминираа Австралија односно Италија.

Американците и Австралија одиграа 7:7 по регуларните четири четвртини, па ударите од пет метри мораа да решаваат, а таму посмирени беа ватерполистите на САД кои погодија четири пенали, а примија три гола, па на крајот се радуваа.

Иста драма имаше и на пресметката меѓу Италија и Унгарија. Во регуларниот дел беше 9:9, а кога дојде време да се изведуваат пенали, италијанските ватерполисти едноставно се изгубија. Аѕурите погодија само еден пенал, па на Унгарците не им беше тешко да го добијат пенал-рулетот со 3:1 и да се радуваат на место во полуфиналето.

Во полуфиналето ќе играат Србија – САД и Хрватска – Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести