Мароканскиот атлетичар Софијане ел Бакали направи историски подвиг на Олимписките игри во Париз. Ел Бакали беше најбрз на трката 300 метри со пречки популарно наречениот стиплчес. Со освојување на златото Ел Бакали испиша историја, затоа што стана првиот атлетичар кој успеал да го одбрани олимпиското злато на трката стиплчес.
Оваа трка важи како една од нјатешките, а дека е така се потврди и овојпат. Светскиот рекордер Ламеш Гирме кој пред трката важеше за главен фаворит за златниот медал, имаше страшен пад и тоа на 200 метри пред крајот кога требаше да има конечна пресметка за медалите.
Svijet atletike ne pamti ovakav pad. Lamecha Girma je bio jedan od favorita na 3000 metara s preponama, ali u finišu pad. Ne znamo da li je ozbiljnija povreda u pitanju. pic.twitter.com/8fNOGGJans
— SportSport (@sportsport) August 7, 2024
На крајот, Ел Бакали заврши како најдобар со време од 8:06.05 минути што е негов најдобар резултат сезонава. Среброто го освои Кени Рукс од САД кој истрча одлично и на крајот заостана само 30 стотинки зад победникот. Бронзениот медал е за Абрахам Кибивот од Кенија, но целата трка остана во сенка на страшниот пад на светскиот рекордер Гирме кој најдоброто време на оваа трка го истрча со време од 7:52.11 минути што е многу подобро од тоа со кое Ел бакли стигна до златото во Париз.