Мила Рељиќ и Владимир Егоров денеска на олимписката програма во Париз

Двајца македонски спортисти ќе настапат на денешната програма на Олимписките игри во Париз. Тоа се таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров.

Македонската претставничка во таеквондо денеска ќе го име своето деби, а на ждрепката немаше многу среќа. Во првата борба, која е закажана во терминот од 12 часот, таа ќе се бори против Џејд Џонс од Велика Британија. Таа е носителка на златен олимписки медал од 2012 и од 2016 година и има освоено и светско и европско злато.

„Џејд Џонс е двократна олимписка шампионка, има светски и европски медали, но тоа не ме обесхрабрува, туку ми дава поголем мотив да дојдеме до медал“, изјави Рељиќ во пресрет на настапот.

Борачот Владимир Егоров во првата рунда од олимпискиот турнир ќе се соочи со Аман Шерават од Индија во категоријата до 57 килограми. Се работи за петти носител на турнирот, но Егоров сепак е оптимист дека може да слави триумф.

Програмата со борбите ќе почне од 11 часот, а македонскиот борач се очекува да се бори околу 11.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести