Копмајнерс започнал штрајк во Аталанта, бара трансфер во Јувентус

Фудбалерот на Аталанта, Тун Копмајнерс, одбива да тренира и да игра за тимот и преку своевиден штрајк се обидува да го принуди клубот да го продаде на Јувентус. Ова го откри тренерот Џанпјеро Гасперини.

„Ситуацијата со Копмајнерс беше совршена до минатата недела, кога тој одлучи дека ќе оди во Јувентус. Веќе се спогодил со тој клуб, се чувствува под стрес и одлучи дека повеќе нема да тренира или да игра за нас. Со такво однесување не може да ни биде корисен. Клубот, од своја страна, зазеде многу цврст став бидејќи се чувствува уценет. Ситуацијата е различна од други моменти во минатото, кога клубот продавал некои од своите вредни играчи. Го разбирам и Копмајнерс, и клубот, но јас сум без тројца од најважните играчи“, изјави Гасперини, кој за една седмица треба да се соочи со Реал Мадрид во Суперкупот на Европа.

Аталанта бара 60 милиони евра за Холанѓанецот, а досега Јувентус испратил само една понуда, која изнесува 45 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести