Матеус го критикува Баерн: Тие не размислуваат да се засилат, туку да го ослабат Баер Леверкузен

Легендарниот Лотар Матеус е познат по тоа што отворено зборува за случувањата во Баерн Минхен. Тој го критикуваше и последниот потег на баварскиот клуб на трансфер-пазарот, велејќи дека Баерн доведува играч кој, всушност, не им е потребен.

Баерн направи голем напредок во преговорите за Џонатан Тах, а Матеус, кој сега работи како ТВ-експерт, смета дека на Баварците навистина не им е потребен централниот бек на германската репрезентација и член на Баер Леверкузен.

Според сè, изгледа дека двата клуба се договориле за фиксна сума од 25 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси.

Сепак, Баерн за Матеус прави погрешен потег бидејќи не се засилува на позициите каде што е потребно, туку, како што тој смета, само за да ја ослаби конкуренцијата, односно актуелниот шампион Баер Леверкузен.

„Всушност, на Баерн воопшто не му треба Тах. Тоа го прават за да го ослабат Баер Леверкузен“, рече Матеус за „Спорт Билд“.

„Видовте на Европското првенство колку е стабилен Упамекано во одбраната кога му давате доверба. Тука се Ким, Дајер, Ито, кога е здрав, Станишиќ, кој може да игра на десната страна, можеби ќе остане и Де Лихт“, анализира легендарниот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести