Бесарт Ибраими: Ја напуштам Струга ТЉ, но овој клуб засекогаш ќе биде во моето срце

Еден од најдобрите фудбалери во Македонија и најдобар стрелец во историјата на шампионатите на домашната сцена, Бесарт Ибраими, одлучи да го напушти првакот Струга Трим Лум. Напаѓачот го потврди тоа со изјава објавена на социјалните мрежи.

„Почитувани стружани, сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството, нема повеќе да бидам дел од Струга Трим Љум, клубот со којшто испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања. Благодарност до претседателот и сите останати во клубот за нивната коректност и соработка во текот на двете години, колку што бев дел од Струга Трим Љум. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Ибраими.

Бесарт Ибраими многу веројатно ќе се врати во Шкендија непосредно пред стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести