Борачот Егоров со неуспешен прв настап на олимпискиот турнир

Македонскиот претставник во борење Владимир Егоров имаше неуспешен прв настап на турнирот на Олимписките игри во Париз.

Тој во првото коло во категоријата до 57 килограми се сретна со Аман Сехреват од Индија и загуби убедливо, со 0-10.


Егоров лошо влезе во борбата и му дозволи на Индиецот Аман Сехреват да поведе со 0-6. Потоа освои уште четири поени и победи со 0-10, по што ривалот на Егоров доминантно ги продолжува настапите на олимпискиот турнир.

- Оглас -

Најнови вести