Само храбро Мила: Бронзената од последните азиски игри е следниот ривал на Рељиќ

Милјана Рељиќ покажа дека има олимписки квалитет откако во првото коло ја елиминира двократната олимписка таеквондо шампионка Џејд Џонс. Македонската репрезентативка сега ја чека нов предизвик, и тоа против Летиција Аун од Либан. Борбата е закажана за 15:45 часот.

Аун ја има улогата на 11-та носителка, што, секако, ѝ дава за право на Рељиќ да се надева дека може да се пласира и во полуфиналето. Сепак, не треба да се заборави дека Аун само пред неколку месеци стигна до бронзениот медал на Азиските игри во категоријата до 57 килограми.

Доколку ја совлада Аун, Рељиќ ќе биде многу блиску до освојување на олимписки медал и да го повтори успехот на Дејан Георгиевски, кој пред три години на Игрите во Токио освои сребрен медал во таеквондо.

- Оглас -

Најнови вести