Рохе Стона од Јамајка синоќа направи големо изненадување откако стигна до златниот медал во фрлање диск. Овој атлетичар успеа да го изненади големиот фаворит Миколас Аленка од Литванија и имаше подобра должина за три сантиметри од него.
Интересно е дека Аленка постаvи нов олимписки рекорд од 69,97 сантиметри, па многумина мислеа дека тоа ќе биде доволно за златото, но Стона во четвртата серија фрли точно 70 метри за нов олимписки рекорд и златен медал.
Тоа што е интересно за Стона е дека воопшто не сакал да се занимава со фрлање диск. Неговиот сон било да стане играч во НФЛ-лигата. Неуспешно бил на проба во НФЛ-екипите на Грин Беј пакерс и Њу Орлеанс сејнтс. И додека одеше кон местото наменето од каде што се фрла дисктот, Рохе со рацете симулираше како да фрла топка во стилот на квотербековите во НФЛ.
Додека не добие шанса да заигра во НФЛ, тој решил да се врати на фрлањето диск и ѓуле, а сега на Игрите во Париз стана и олимписки првак.