Голема штета: Рељиќ само за еден поен не се пласира во полуфиналето, но можен е репасаж

Македонската репрезентативка Милјана Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на таеквондо турнирот во категорија до 57 килограми. Во четвртфиналето, Рељиќ за нијанса беше послаба од Летиција Ајун од Либан и загуби со 9:8 и 6:6 на поени по двете одиграни рунди.

Во првата рунда Рељиќ беше активна и добро напаѓаше, но за еден поен беше послаба од противничката, која ја доби рундата со 9:8.

Слично беше и во втората рунда. Либанката Ајун добро отвори и поведе со 4:1, но Рељиќ не се предаде. Прво намали на 4:3 на 40 секунди до крајот. Потоа при водство на Ајун од 6:3, Рељиќ освои три поени и израмни на 6:6, но натпреварувачката од Либан ја доби и втората рунда поради потешкиот стил на изведби на удари.

За Рељиќ останува да почека дали ќе добие шанса да игра во репасажот, кој исто така може да донесе борба за медал.

- Оглас -

Најнови вести